Грчки медиуми:Силна порака од Павлопулос до Скопје и Турција

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги предупреди Турција и Македонија дека членството во Европската унија подразбира почитување на европските вредности и принципи, јавуваат денеска грчките медиуми во врска со средбата на Павлопулос со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Софија.
- Ние сме за европска перспектива, но мора да расчистиме една работа. Партнерите кои сакаат да се присоединат кон ЕУ мора да научат да ги почитуваат воспоставените европски правила, рекол Павлопулос.
Во однос со Македонија, според грчките медиуми, тој истакнал дека нашата земја „мора исто така да ја почитува историјата“.
- Не можеме да живееме, коегзистираме и да преживееме во рамките на ЕУ во услови на фалсификување на историјата. Тие мора да го сфатат тоа, изјавил грчкиот претседател.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
