Грчки медиуми: Заев и Димитров преку социјалните мрежи испратија порака
Фотографиите од Струмица, објавени вчера на социјалните мрежи од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, не останаа незабележани од грчките медиуми, кои ги толкуваат како порака од Скопје до Атина.
„Симболична фотографија и порака на Заев и Димитров до Атина: На иста линија“; „Заев-Димитров: На иста линија и на заеднички одмор“; „Твитот на Заев со порака за неговите односи со Димитров“; „Прошетката со мотори и пораката на Заев до Атина за скопското прашање“; „Заев и Димитров се возат на мотори“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, онлајн изданијата на медиумите во Грција, ги пренесоа, како фотографиите така и пораките што ги напишаа Заев и Димитров.
- Личен демант на шпекулациите според кои е во несогласување со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, паралелно испраќајќи порака до Атина, пишува информативниот портал „Iefimerida“.
- Сѐ е во ред е пораката што очигледно сакаше да ја испрати премиерот на ПЈРМ Зоран Заев за неговите односи со МНР Никола Димитров по бурата написи во медиумите дека постои несогласување во спорот за името, коментира порталот „Reader“.
- Премиерот на Скопје во објава на социјалните мрежи, заедно со фотографиите напиша: На иста линија, сакајќи да ги урне сценаријата според кои има различен став со неговиот министер за решавање на скопското прашање, пишува онлајн изданието на весникот „Елефтерос типос“.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза