Грчката Влада затвора граници и воведува казна од 5.000 евра за „непослушни“ граѓани
Целосно затворање на границите со Северна Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.
Освен прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, со исклучок на пренесување на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата, на состанокот, исто така било одлучено да се прекине морскиот сообраќај со Италија, за патници, прекинување на авионското поврзување со Шпанија.
Дополнително, донесена е одлука дека ќе бидат изречени казни од 5.000 евра за оние граѓани кои демонстрираат антисоцијално однесување, прекршувајќи ги превентивните мерки.
Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер стапил во контакт со Архиепископот Јеронимос и побарал Светите Храмови да останат отворени само за индивидуални обреди и за извршување на неопходните обреди, но со минимален број граѓани.
Ново на Сител
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?