Грчката Влада сака да подели 1,2 милијарди евра како Божиќен бонус на милион граѓани
- Грчката Влада планира да подели 1,2 милијарди евра на социјално загрозени граѓани и на лица со пониски приходи за Божиќ. Парите се дел од вишокот во буџетот што грчката Влада го оствари, доколку не се сметаат ратите за отплата на долгот кон странство, објави весникот То Вима.
Според весникот, Владата на Алексис Ципрас разгледува дали дел од парите да бидат поделени и на невработените и младите.
Грчките власти веќе најавија дека остварениот примарен суфицит во буџетот ќе им биде поделен на граѓаните. Грција беше принудена да ги скрати пензиите, државните плати и голем број од ваквите годишни бонуси по банкротот во 2009 година.
Пред да се подели Божиќниот бонус, Владата сепак ќе мора да побара дозвола за тоа од меѓународните доверители, а граѓаните ќе мора да поднесат барања, во кои ќе наведат дека ги задоволуваат критериумите кои ќе бидат воспоставени.
Според владините проценки, околу милион граѓани ќе се квалификуваат за тој бонус кој во просек ќе изнесува околу 1.000 евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството