Грчката Влада предлага нови даночни мерки
Во рамките на преговорите за третиот пакет финансиска помош грчката Влада им предложи на кредиторите десет нови даночни мерки и само две мерки за намалување на буџетските расходи, јави ја грчките медиуми.
Мерките се во вредност од 5,4 милијарди евра и се со цел да се надмине буџетскиот дефицит.
Медиумите наведуваат дека владините мерки се „даночен ураган“ за домаќинствата и бизнисот.
Од предложените мерки Владата се надева да обезбеди 1,8 милијарди евра, а од реформите во пензискиот систем се предвидуваат уште 1,8 милијарди евра.
Мерките предвидуваат и „замрзнување“ на именувањата во државниот сектор и воведување на различни такси меѓу кои и на игрите на среќа.
Економскиот владин тим предложил и намалување на државните расходи на одбраната за 100 милиони евра наместо предвидените 500 милиони евра.
Ново на Сител
-
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР
-
Трибина за пет години од членството на државава во НАТО
-
Во Собранието седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра
-
Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Македонија води на полувреме против Словенија