-->
-->
Грчката Влада им нареди на приватните лекари да помогнат во јавното здравство
-->
Грчката Влада денеска им нареди на лекарите од приватниот сектор во пет региони во северниот дел на земјата да помогнат на здравствениот сектор кој се бори со зголемен број на инфицирани лица со Ковид-19.
Грчката Влада претходно ги повика приватните лекари да помогнат откако грчките јавни болници и одделенијата за интензивна нега изминатите недели се преоптоварени со голем број новозаболени.
Наредбата на грчката Влада е во сила еден месец.
Грција вчера пријави 6.682 новозаболени и 87 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени од почетокт на пандемијата се искачи на 853.841 лица и 17.012 починати.
Во Грција вакциниртани се околу 61 проценти од 11-милионското население.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
