Грчката полиција со солзавец и шок-бомби против мигрантите на Идомени
Грчката полиција употеби солзавец и шок-бомби врз група од околу 300 бегалци и мигранти во импровизираниот камп во Идомени, кои синоќа почнале да туркаат еден напуштен вагон кон силите на редот.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, полицијата прво успеала да ја запре групата да се движи напред, но по некое време бегалците се прегрупирале и продолжиле да го туркаат вагонот кон полицајците и да фрлаат камења врз нив.
Од солзавецот страдале повеќе мигранти, меѓу кои и бремени жени и деца. Шаторот за пружање медицинска помош бил преполн од луѓе кои се пожалиле на проблеми од солзавецот.
Полициски извор за информативниот портал „Грик Репортер“ изјавил дека во инцидентите се повредени најмалку тројца полицајци. Непознат е бројот на повредени мигранти.
Еден доброволец кој работи во побласта за порталот изјавил дека инцидентот е досега најсериозен случај на употреба на хемикалии од страна на полицијата.
Во исто време, повеќе мигранти го напуштиле кампот и побарале засолниште на околните полиња.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект