Грчката полиција со солзавец и шок-бомби против мигрантите на Идомени

Грчката полиција употеби солзавец и шок-бомби врз група од околу 300 бегалци и мигранти во импровизираниот камп во Идомени, кои синоќа почнале да туркаат еден напуштен вагон кон силите на редот.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, полицијата прво успеала да ја запре групата да се движи напред, но по некое време бегалците се прегрупирале и продолжиле да го туркаат вагонот кон полицајците и да фрлаат камења врз нив.
Од солзавецот страдале повеќе мигранти, меѓу кои и бремени жени и деца. Шаторот за пружање медицинска помош бил преполн од луѓе кои се пожалиле на проблеми од солзавецот.
Полициски извор за информативниот портал „Грик Репортер“ изјавил дека во инцидентите се повредени најмалку тројца полицајци. Непознат е бројот на повредени мигранти.
Еден доброволец кој работи во побласта за порталот изјавил дека инцидентот е досега најсериозен случај на употреба на хемикалии од страна на полицијата.
Во исто време, повеќе мигранти го напуштиле кампот и побарале засолниште на околните полиња.
Ново на Сител
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
