Грчката полиција разби ултра десничарска терористичка организација

Најмалку шест лица се приведени во акција што е во тек на секторот за борба со тероризам на грчката полиција за разбивање на ултра десничарска терористичка организација.
Станува збор за членови на организацијата под име „ Combat 18 Hellas“, која во изминатите месеци стои зад најмалку 20 напади со експлозивни механизми, со бомби молотов, но и зад упади во места што важат за собиралишта на анархисти, јави дописникот на МИА од Атина.
При претрес на домовите на приведените лица, била пронајдена голема количина експлозивни материјали.
Според онлајн изданието на весникот „То вима“, фашистичко – нацистичката организација „ Combat 18“ била формирана во Велика Британија и се проширила и во други европски земји, а во Грција го носи името „ Combat 18 Hellas“. Бројот 18, во името, односно цифрите 1 и 8 произлегуваат од буквите А и Х од Адолф Хитлер.
Акцијата на антитерористичката служба е во тек, во Атина и во други грчки градови е во тек, а се очекува по завршувањето, грчката полиција да излезе со официјални информации.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
