Грчев: Споменикот на Мајка Тереза е фашистички споменик

Мирослав Грчев, архитект и советник во Министерството за култура, но и на екс премиерот Зоран Заев вели дека споменикот на Мајка Тереза кој треба да се гради на плоштадот Македонија е фашистички споменик.
Тој во Утрински брифинг на Слободна ТВ, изјави дека овој споменик нема никаква смисла која за него оваа градба, во својата суштина е фашистички споменик и притоа споменикот го спореди со тромб, односно тумор.
„Така да ние одгледуваме фашистички споменици во атмосфера која што ја нарекуваме враќање на владеење на право, демократизација, реформи кои одат во смер на реализација на демократски европски вредности. А толерирањето на постоењето на овие споменици е практично е потполна институционална импотенција“ рече Грчев.
Грчев вели дека не само тој споменик, туку сите споменици од проектот „Скопје 2014“ се споменици во слава на ултранационалистичка преродбеничка и фашистичка диктатура.
Ваквите ставови на Грчев се и повеќе од скандалозни имајќи предвид дека Мајка Тереза чие потекло е од Скопје, заради нејзините хуманитарни дела е почитувана во целиот свет, а добитник е на Нобелова награда за мир, додека Католичката црква пред три и половина години беше прогласена за светица. За потсетување папата при посетата на Скопје за Мајка Тереза истакна дека со право како држава сме горди на оваа голема жена.
„Ве охрабрувам верно да го следите започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и плодна интеграција на културите, религиите и народите.“ изјави папата Франциско.
Грчев со неговите ставови не само што ги навредува католичките верници во Македонија, туку целата држава која гордо го слави името, вредностите и хуманоста на Мајка Тереза.
Воедно, Мирослав Грчев со неговата изјава го навреди целиот македонски народ, македонска историја и борбата за самостојност и државност велејќи дека спомениците на Ченто, АСНОМ, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и многу други дејци за него се фашистички споменици.
На ваквите ставови на Грчев потребна е итна реакција и осуда од страна на министерството за култура и владата имајќи го предвид неговиот ангажман како советник за култура и човек кој изминативе години од тие две места има добиено 17.000 евра за неговите услуги.
Ново на Сител
-

Босанец издава балкон со поглед на стадионот во Зеница за Босна – Италија, му нуделе „Лада Нива“, тон компири...
-

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец
-

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
-

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
-

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација
-

Сиљановска Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус е потребен на регионалната соработка
