Грант од 10 илјади евра и пакет поволности за отварање приватна детска градинка
По 10 илјади евра неповратни средства нуди владата за отварање приватни детски градинки.
При тоа, грантот, за кој огласот е во тек, е само дел од пакетот поволности кои инвеститорите во вакви установи можат да ги добијат.
Се нуди градежно неизградено земјиште по почетна цена од евро за квадрат, комуналии пониски за 95% од редовната цена како и мерки за вработувања од АВРМ.
- Фактот дека откако е воведена мерката има 15 нови приватни детски градинки говори дека има бизнис логика во отварањето вакви установи и ги охрабруваме заинтересираните да се јават на огласот, вели Александар Ѓоргиев, портпарол на владата.
Заинтересираните субјекти треба да приложат бизнис план со утврдена локација и проект за градба на нов или адаптација на постоечки објект кој треба да има две занимални и помошни простории согласно законските прописи.
Потребни се и минимум 4 вработени, две лица воспитувачи и две негуватели.
Заедно со државните, досега во земјава отворени се 49 нови детски градинки. Со тоа капацитетот за згрижување на деца се зголемил од 15 илјади на 40 илјади.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
