Гранди: Унгарија силно го ограничува пристапот на бегалците
Високиот комесар за бегалци на Обединети нации, Филипо Гранди по вчерашната посета на транзитната зона за азиланти на угарско-српската граница, истакна дека, Унгарија очигледно се обидува да го ограничи пристапот на бегалци на нејзината територија.
Гранди, изрази голема загриженост, бидејќи бегалците во Унгарија се затворени во центри во близина на границата, додека ги очекуваат одлуките за барањата и нивните жалби.
- Особено е впечатливо, дека тука постои сосема јасна намера силно да се ограничи бројот на лица на кои ќе им биде дозволено да побараат престој во земјата, нагласи Гранди.
Тој нагласи, дека ја разбира „сложената ситуација на Унгарија од политичка и географска гледна точка.
Сепак, Гранди констатираше, дека заштитата на бегалците и безбедноста на државата не се некомпатибилни.
Високиот комесар за бегалци на ОН вчера го посети граничниот пункт Рожке. Таму условите за живот се прифатливи, но апсењето на бегалците е алармантно особено кога стану збор за лица меѓу 14 и 17 години.
Унгарија во 2015 година изгради ограда на нејзините граници со цел да го запре проткот на мигранти и бегалци.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан наведе дека бегалците се претежно муслимани и поради тоа претставуваат закана за европската култура.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола