Свет
16. September 2016 - 14:09

Гранатирање и судири во источниот дел на Дамаск

Жестоки судири избија денеска во источниот дел на Дамаск, и покрај примирјето кое од понеделникот е во сила во Сирија. 

- Сириската влада го блокирала нападот на вооружените групи кои пробале да влезат во источниот дел на престолнината преку квартот Џобар (кој е во рацете на бунтовниците), што довело до интензивирање на судирите и гранатирање, изјави воен извор, пренесува Танјуг.

Опозициски активисти и државните медиуми наведуваат дека меѓу сириските групи и бунтовниците денеска дошло до судир, како и дека се гранатирани две четвртини од Дамаск. 

Гранатирани се областите кој се под контрола на Владата во источниот кварт Кабул, при тоа ранети се три лица, со што е прекршено примирјето, јави САНА. 

Опозициониот активист Мазен Ал Шами тврди дека владините сили го нападнале Џобар, но дека опозиционите борци возвратиле на ударот. 

Тој додаде дека борицте на Ал Каеда и ИД, кои не се опфатени во примирјето, не се присутни во таа област.