Гран При на Мајами останува во календарот на Формула 1 до 2041 година
Големата награда на Мајами (САД) ќе остане во календарот на Формула 1 до 2041 година, откако беше постигнато 10-годишно продолжување на постоечкиот договор, објави Формула 1 во соопштение.
Големата награда на Мајами е дел од Формула 1 од 2022 година, а Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи на првата трка.
- Продолжувањето на договорот до 2041 година е стратешки потег од огромно значење, кој го зајакнува нашето присуство во Америка и ја консолидира сè подлабоката врска со нашата база на фанови таму, која постојано расте и е пострасна од кога било, прокоментира извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Со новиот договор, Мајами моментално го има најдолгиот договор во календарот. Австралиското Гран При има договор до 2037 година.
Според Формула 1, трката генерирала економско влијание од над 1 милијарда долари за градот во првите три години.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана