Граѓанската иницијатива ,,Будење‘‘ собира потписи за распишување референдум против доселување мигранти
Прилепчани продолжуваат остро да негодуваат против идејата на Владата и на Министертсвото за труд и социјална политика, Прилеп да биде една од општините каде ќе се градат бегалски кампови. Тие денеска, преку Граѓанската иницијатива “Будење”, која предизвика голем интерес, собираа потписи со кои ќе бараат од прилепските советници да се спроведе Реферндум по ова прашање.
Можноста, во Прилеп да се населат мигранти, за прилепчани е крајно вознемирувачка и неприфатлива. Велат дека тоа, тие по никоја цена нема да го дозволат, бидејќи како што појаснуваат, не сакаат да ја загрозуваат иднината на своите деца.
Ваква иницијатива, денеска се спроведе и во Неготино, кој исто така е еден од градовите каде треба да се градат мигрантска населба.
Инаку, прилепчани со ваква ситуација се соочија и во 1991-та година кога требаше да бидат населени бегалци од Босна. И тогаш, како и сега, бегалскиот камп требаше да се гради во близина на Касарната “Мирче Ацев”, на што прилепчани остро се спротиставија и го спречија
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар