Македонија
7. November 2015 - 19:38

Граѓаните се помалку си имаат работа со извршителите

Граѓаните се помалку си имаат работа со извршители. Стануваат посвесни дека подобро е да си ги платат долговите отколку да им тропне извршител на врата. Надлежните информираат дека последниве три години значително е намален бројот на извршните постапки. Во последниве 9 месеци извршителите наплатиле најмалку пари од жителите и фирмите во Кочани Берово Виница и Делчево, а најмногу од должниците во Скопје.

- Ако во 2012 година сме имале над 160.000 барања за извршување, веќе последните три години таа бројка се движи меѓу 105.000 и 110.000 што е пад од околу 50.000. Исто така е и со вкупно наплатените средства. Во првите девет месеци од годинава сите извршители во Македонија наплатиле 77 милиони евра слично како последните две до три години или помалку за 20-тина, скоро 30 милиони евра во однос на 2012 година, информира ­­­Петрески на средба со новинарите во Радовиш.

Во однос на сумите најголеми побарувања има кон фирмите. Нивните долгови се и неколку милионски. Долговите на граѓаните се движат од 3000 денари до хипотекарни кои не се поголеми од 100 000 евра.

-Само од две или три фирми во текот на годината извршителите некогаш наплаќаат 10 или 15 милиони евра. Истакна Петрески

Државата ги заштитува од извршување оние кои не можат да платат како и лицата со ниски примања и социјалните случаи. Во пораст се и претставките на граѓаните кои имаат право да приговараат на секој чекор на извршителот.