Граѓаните ги искинаа подметнатите плакати од СОРОС
Граѓаните на собирот на ГДОМ ги искинаа подметнатите плакати од платениците на соросовата фондација, чии провокатори попладнево се обидоа да уфрлат транспарент насочен против НАТО организацијата.
На еден од подметнатите транспаренти кои беа закачени на оградата на контра-протестот пред Собрание пишуваше: НАТО = Северноатлантска терористичка организација. Граѓаните поддржувачи на ГДОМ, веднаш го искинаа ваквиот подметнат транспарент. ГДОМ во неколку наврати досега има повторено дека се залага за европска Македонија, евроатлантски интегрирана.
Колку беше провиден трикот на опозицијата најдобро говори дека ваквиот транспарент веднаш се најде ударно на опозициските портали, со цел да се искористи во политичка конотација. Дополнително, доколку подобро се погледне транспарентот, ќе се види дека истиот според начинот на изработка наликува на транспарентите кои соросовите платеници ги носат на своите протести.
Ваквиот примитивен обид да се оцрни протестот на ГДОМ, кој поддржува члество во ЕУ и НАТО, веднаш беше препознаен и пресретнат, а уфрлените провокатори разобличени.










Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни

