Граѓани од истокот измамени преку социјалните мрежи
Секторот за внатрешни работи – Штип, минатиот месец регистрирал неколку измами на граѓани преку социјалните мрежи. Измамниците, најчесто преку апликацииите фејсбук и месинџер, остварувале контакти со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци како фотокопија од лична кaрта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација, стои во соопштението.
– Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во Република Македонија, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа, доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените, се наводно помош од роднини на сторителите за лекување на болно дете, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Паричните средства оштетените сами ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им ги давале на сторителите, незнаејќи дека истите потекнуваат од претходно одобрени брзи кредити во нивно име.
СВР Штип апелира до граѓаните да не наседнуваат и подлегнуваат на вакви и слични измами, кои што се вршат преку социјалните мрежи и особено да внимаваат на кого ги споделуваат податоците од личните документи. Сите сомнителни случаи од ваков вид граѓаните да ги пријават во Полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.
Надлежните во СВР Штип велат дека интензивно работат на расветлување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни