Графити со закани по живот за Тачи, Курти, Ахмети и Трнава

До претседателот на Косово, Хашим Тачи, градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, неговиот сопартиец и поранешен лидер на движењето „Самоопределување“ Албин Курти и првиот човек на косовската исламска верска заедница Наим Трнава била упатена јавна закана преку испишани графити.
Причина за овие закани, според она што е напишано, е изградбата на големата џамија која е планирана да се гради во населбата „Дарданија“ во Приштина.
Преку графитите испишани на ѕидовите на Филолошкиот факултет во Приштина на сите четворица им се закануваат по живот.
На еден од графитите пишува „Смрт за Наим Трнава и Хашим Тачи-Турчинот“, додека во друг за градоначаликот Ахмети заканата е во оваа форма „Ќе бидеш убиен како пес, долу Самоопределување и Албин-Талибанецот“.
Исто така во графитите стои дека ќе се пролее крв и нема да се дозволи изградба на џамија.
Засега нема информации кој е можниот автор на графитите, а полициската истрага е во тек.
Ново на Сител
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
-

Шведска размислува за промена на валутата
-

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик
