Градските автобуси со изменет возен ред за претстојните празници
Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред. Утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред,а ноќните линии Утре и задутре вечер ќе работат по возен ред како во сабота кон недела. За празникот на 1. јануари автобусите преку ден ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека во среда ќе се води по делничен возен ред.
Од 3 јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7 јануари (понеделник) автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.
-Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот. Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на телефонот 3173-224, порачуваат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ