Градскиот стадион во Гостивар ќе добие трибина со седишта

Нова модерна трибина со 1.200 столчиња започна да се гради на градскиот стадион во Гостивар. До крајот на годината треба да завршат работите на просторот на западната трибина со што ќе се обезбедат подобри услови за следење на фудбалските натпревари.
Еден од најстарите спортски објекти во градот, по повеќе од 50 години ќе доживее реконструкција која освен што ќе му даде нов лик, ќе биде попривлечен и за публиката, па и за натпревари од повисок ранг.
- Гостивар заслужува да има објекти кои ќе го унапредуваат спортот. Фудбалот има многу поклоници во овој град и тие заслужуваат да следат натпревари во услови слични на оние во напредните земји. Овој зафат ќе овозможи да имаме трибина според вискоите стандарди на ФФМ и УЕФА, рече градоначалникот Невзат Бејта.
Инвестицијата која се проценува на околу 18 милиони денари (300 илјади евра) ќе биде финасирана со пари од општинскиот буџет и донации на повеќе компании од градот. Доколку работите течат со планираната динамика, изградбата на новата трибина би требало да се заврши за два месеци.
Гостиварскиот стадион во неколку наврати беше саниран, но не овозможуваше погодни услови за следење на фудбалски натпревари. Теренот беше реконструиран пред четири години кога првиот град на Вардар имаше прволигаш, но трибините беа неуредени.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
