Македонија
13. November 2025 - 9:43

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Традиционално, вечер на свечена церемонија во Македонската опера и балет, Градот Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.

На 13 ноември 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

 

МИА