Градот Скопје најавува нови имиња за градските улици
Градот Скопје најави нови имиња за градските улици. Познатата улица во скопско Дебар Маало се предлага повторно да се вика „Ленинова“ наместо „Аминта трети“. Улицата во центарот на градот што до скоро го носеше името „Јордан Мијалков“ ќе се преименува во „Железничка“. Улицата „Филип II“ пак веројатно ќе стане „Стив Наумов“. Тафталиџе повторно ќе има „Мексичка“ наместо „Петре Пирузе“. А улицата „Борис Сарафов“ ќе стане „4 Јули“.
Постоечкиот регистар на имиња сега се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. На дополнетата листа се наоѓаат имињата на кројачот Анѓелковски, новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазарова, спортистите Благоја Георгиевски - Буштур, Атина Бојаџи, заменик градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи. На долгата листа се најдоа и Кофи Анан, космонаутот Нил Армстронг, Аполо 11. Се предлага еден плоштад да се вика „Вера, надеж и љубов“, а градскиот парк да се вика „Безвременски“.
За овие предлози Советот на градот ќе расправа во вторник.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
