Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
На денешниот избор и доделување на награди на најдобри спортисти, спортистки и тренери од Скопје во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија преку своите претставници од КБК Шампион од Скопје, КБК Гладијатор од Скопје и КБК Прокик фемили од Скопје, повторно се истакна со 5 наградени спортисти и тренер.
За најдобар спортист сениор во избор од 10 наградени е Бобан Илиоски од КБК Шампион Скопје, а 8-мо награден во истата категорија е Стефан Михајловски од КБК Прокик фемили Скопје.
За најдобар спортист јуниор во избор од10 наградени е Силвио Мировски од КБК Гладијатор Скопје, а 6-то награден во истата категорија е Максим Митровски од КБК Шампион од Скопје.
За најдобар тренер за 2024 година е избран Дејан Митровски - Урко, претседател и селектор на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија и тренер на КБК Шампион од Скопје.
- Оваа година повторно докажавме дека кикбоксот е национален спорт број 1, и затоа ги собравме наградите за најдобри спортисти и тренер и на градско ниво. Секоја награда е сосема заслужена и освоена со многу напор, пот, упорност и борби. Среќен сум што и оваа година сум прогласен за најдобар тренер на Град Скопје, но уште посреќен сум што за најдобри спортисти на Градот Скопје се избрани два кикбоксери Илиоски и Мировски, а наградени во плеадата се уште два кикбоксери Митровски и Михајловски - изјави Дејан Митровски - Урко
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“