Градот Азбест во Канада го менува името
– Жителите на градот Азбестос во канадската покраина Квебек на референдум изгласаа промена на името на тоа место. Целта е да се дистанцираат од тој некогаш се присутен минерал, кој сега се смета за отровен. Вкупно 51,5 отсто од жителите на гратчето каде што некогаш се наоѓал еден од најголемите рудници за азбест во светот, гласаа за промена на името. Меѓу петте понудени, тие се одлучија за името Вал-де Сурс (Долина на Изворите).
– Тоа е име што ја претставува нашата област, а особено инспирацијата што ни ја дава за иднината, рече градоначалникот Иг Гримар. Градското собрание го потврди новото име, за кое сите жители на градот над 14-годишна возраст можеа да гласаат на референдум. Гримар изрази надеж дека новото име ќе стане официјално пред декември. Градот Азбестос има околу 7.000 жители и се наоѓа на 150 километри источно од Монтреал. Изграден е кон крајот на 1870-тите, откако во близина е отворен рудник за азбест.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец