Градоначалникот Панов ги претстави приоритетните проекти на општина Кавадарци
Изградба на комплетно нова градинка, локалниот пат Сопот-Рибарци, затворен пазар, доизградба на кејот на реката Луда Мара, комплетна реконструкција на старото училиште во селото Марена, на противпожарната зграда и на оградата на мостовите кај централната градинка и Брушанско маало, како и уредување и реконструкција на неколку важни улици.
Ова се идните приоритетни проекти на општина Кавадарци, кои што денеска ги соопшти кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Тие се утврдени по состаноците со претседателствата на урбаните и месните заедници од општината, во пресрет на новата буџетска година.
- Во декември годинава очекувам конечно да се затвори прашањето околу паркирањето, а доколку наредната година имa интерес подготвени сме да се реализира проектот за аква парк. Во тек е опремувањето и потоа ќе биде пуштен во функција НВО центарот, рече Панов. Тој потенцирапе дека се работи и на бизнис центар.
За следната година, најави и инвестирање на милион и пол евра во колекторскиот систем, заедно со јавното комунално претпријатие. Овие денови се очекува потпишување на дозволата за градење на агроберза. Нема да изостане и инфраструктурната изградба во градот и селата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето