Градоначалникот на општина Ново Село ги повика граѓаните на референдум за рудниците
Градоначалникот на Општина Ново Село, Блажо Велков, денеска преку видео запис ги повика граѓаните на општината масовно да излезат на референдумот што ќе се одржи на 17 септември годинава во врска со работата на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука.
- Како ваш сограѓанин и градоначалник ве повикувам масовно да излеземе на референдумското изјаснување во недела, рече Велков.
Советот на општина Ново Село на 14 август 2017 година, донесе одлука за распишување референдум на локално ниво.
Полнолетните граѓани кои се запишани во избирачкиот список може да се изјаснат за две прашања, на две поединечни гласачки ливчиња: „Дали сте за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука“ и „Дали сте за или против отворање рудници и рударски комплекси за производство на метални и металични суровини“.
Референдумското изјаснување ќе се врши од 7 часот утрото до 19 часот попладнето.
Општинската изборна комисија Босилово работи на ажурирање на податоците за да излезе со конечна бројка на гласачи и гласачки места.
На 3 септември референдум во врска со рудниците се одржа и во Општина Босилово, но не беше успешен зошто не излегоа потребните 50 плус еден глас, од вкупно запишаните 12.301 гласачи.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори