Градоначалникот на Кочани ги повика граѓаните да излезат на гласање за референдумот
Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ги повика граѓаните од општината да излезат на гласање за претстојниот референдум и да учествуваат во креирањето на подобра иднина на Македонија.
- Вашето гласање „за“ е граѓанска обврска да ѝ помогнеме на Македонија да појде напред. Тоа значи да започнеме да градиме држава по европски правила и стандарди. Туризмот е само еден од правците за развој на Кочани и без европски пари, неговото придвижување е речиси невозможно, а гледаме какви резултати постигнуваат нашите соседи, кои веќе се во европското семејство. Успехот на референдумот значи успех за идните генерации кои од нас бараат да обезбедиме подобар живот, тие да растат во здрава животна средина, безбедна и стабилна држава. Иднината на вашите деца, сега е во ваши раце, во вашиот глас, истакна градоначалникот Илијев.
На крајот од јавното обраќање, Илијев нагласи дека референдумот нема политичка димензија, туку историско значење во кое наместо политичките партии, граѓаните го имаат главниот збор.
Ново на Сител
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска