Градоначалникот на Кавадарци на средба со ваташани, се разговарало за регулацијата на реката Луда Мара
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и стручниот тим на општината, оствариле средба со жители на селото Ваташа, на иницијатива на месната заедница, а се разговарало за регулацијата на реката Луда Мара.
-Тема на разговор беше комуналната изградба во 2019 година. Акцент во дискусијата беше ставен на тековниот проект за регулација и урбанизација на кејот на реката Луда Мара во должина од 760 метри, на оптегот од „Ваташкиот мост“ до паркингот кај зградите „Силекс“.
На средбата жителите искажаа поддршка на проектот со кој се урбанизира коритото на реката низ Ваташа, но изразија сомнеж, реагираа и дискутираа со меѓусебни спротивставени ставови околу бетонирањето на минорното корито и длабочината на каскадите и слапиштата.
По објаснувањата од надлежните стручни служби на општината, како и изведувачат „Градба промет“, реакциите на граѓаните се смирија, информираа од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.
Во обраќањето пред ваташани градоначалникот Јанчев искажал разбирање за нивните реакции.
-Јас имам целосна доверба во проектот и изведувачот. Ова го работиме за доброто на сите. Изградбата на кејот ќе помогне во регулацијата на речното корито, а воедно и ќе создаде поубав урбанизиран лик на Ваташа, рекол Јанчев, потсетувајќи ги ваташани на интензивната комунална изградба во која покрај кејот, тие во 2019 година ќе добијат нов мост за побезбеден сообраќај, ќе се гради велосипедско пешачка патека до браната Моклиште, а како наредна фаза е и проектот за реконструкција на покривот на спомен домот „12 Младинци“.
Ново на Сител
-

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
-

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
-

Сончево со мала до умерена облачност

