Градоначалникот на Истанбул во посета на Атина
– Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, од денеска е во дводневна посета на Атина, а ќе се сретне со неговиот домаќин, атинскиот градоначалник Костас Бакојанис и ќе биде примен од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Имамоглу, дводневната посета ќе ја започне претпладнево со средбата со Бакојанис во Општина Атина, а потоа, двајцата градоначалници ќе заминат во премиерската палата, каде што ќе бидат примени од Мицотакис.
Според официјалната програма, Имамоглу ќе ги посети Акропол, Националната галерија, плоштадот Синтагма за одблиску да ги види новините што ги подготвува општина Атина, а вечерва, во античкиот театар под Акропол, ќе ја следи изведбата на Моника Белучи на монологот „Maria Callas: Letters and Memories“.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата