Градоначалникот на Битола најавува 65 нови проекти, меѓу нив и нова противпожарна зграда
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски најавува дека годинава ќе бидат реализирани 65 проекти меѓу кои нова противпожарна зграда, нов парк и стационар за бездомни кучиња.
Коњановски во видео обраќање кое е дел од кампањата „Промените на дело“ на ВМРО-ДПМНЕ, посочува дека минатата година се реализирани голем број на проекти од културата, образованието, спортот и животната средина.
Тој им се заблагодарува и на граѓаните за нивните идеи и предлози кои се дел од буџетот на општината за 2023 година.
– Со буџетот и оваа година креиран заедно со вас почитувани граѓани продолжуваме да реализираме 65 нови проекти за битолчани. Да го вратиме и подржиме културното живеење, одлика на Битола. Битола ја даде довербата и таа доверба ја исполнуваме со промени на дело, истакнува Коњановски.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порачува дека во 2023 година ќе се започне со изградба на нова противпожарна зграда во вредност од еден милион евра.
– Оваа година во Битола ќе започне изградба на целосно нова противпожарна зграда, проект вреден околу 1 милион евра. Пари од буџетот за оваа година. Со буџетот кои што заедно го планираа битолчани ќе се реализираат голем број на проекти, ќе се одговори на голем број на барања, ќе се задоволат многу потреби. Но, тука нема да се застане кон креирање на подобра Битола. Промените на дело, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор