Градоначалникот Јаневски со молба до струмичани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, доцна синоќа се обрати до струмичани со, како што рече, најголема молба да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
– Сликата по улиците, а посебно пред одредени институции ме загрижува како градоначалник, а пред се како лекар. Тоа што досега нема регистрирано случај на заболување од коронавирусот на територијата на општина Струмица, не ни дава за право да се однесуваме комотно и недисциплинирано. Само од нас зависи дали така ќе остане. Убеден сум дека наша заедничка желба е така да остане и затоа ве замолувам да се вразумиме и најсериозно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, порача градоначалникот Јаневски.
Ги повика граѓаните да останат во нивните домови и дека ќе дојде време и за прошетки по парковите и улиците, а доколку треба да излезат и завршат некоја работа да држат соодветно растојание, да не се групираат и да ги почитуваат и другите мерки за лична заштита.
– Ги повикувам и институциите пред кои деновиве се забележани поголеми групи на граѓани, да покажат поголема одговорност со почитување на мерките за нивно работење во овие вонредни околности, додаде Јаневски.
На вчерашната средба со претставници на СВР-Струмица била разгледана актуелната состојба и било заклучено дека при вакво однесување на граѓаните е потребно поголемо полициско присуство на терен, иако нивните капацитети се ограничени.
На крајот струмичкиот градоначалник уште еднаш повика на поголема одговорност и сериозност за состојбата за да им се олесни на сите кои се грижат за здравјето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
