Градоначалникот Чадиев даде отчет за сработеното во 2015
Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска на прес-конференција информира за сработеното во општината во 2015 година.
Според предвидената програма и ветеното на граѓаните, како што рече, биле завршени и во тек се повеќе капитални објекти.
- Продолжи изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково, пуштен е во сообраќај, реконструирана е Железничката станица во Велес, пуштена е во употреба фабриката „Маркарт“ во индустриската зона Караслари, рече Чадиев.
Тој потсети дека во градот пуштен е во употреба нов кружен тек на улицата „Благој Ѓорев“, поставен е камен-темелик и скоро целосно е изградена карабината на црквата „Свети Јован Крстител“.
Асфалтирани и поплочени се повеќе улици и тротоари во сите делови на градот. Изградени се неколку паркинг-простори во градот, подобрено е уличното осветлување, реконструирани се повеќе водоводни линии. Изградени се и водоснабдителни ситеми во неколку велешки села, Црквино, Новачани и Сливник, а во село Караслари инсталирана е водоводна пумпа.
- Со цел да го заштитиме населението од поплави, неодамна извршивме и чистење на речните корита на Вардар и Тополка. Реконструиравме и неколку училишта со цел за подобрување на наставиот процес, а за развивање на спортот пуштивме и две тениски игралишта во Градскиот парк, а на фудбалскиот стадион набавивме и илјада нови столчиња и ги реконструиравме спортските соблекувални. Во функција за развој на спортот меѓу младите на село, пуштивме во употреба повеќенаменски спортски игралишта во селото Иванковци и Караслари, а поставивме и повеќе фитнес вежбалници во дворовите на велешките училишта, а се со цел поголема популарност на спортот во градот, потенцира Чадиев.
Чадиев потсети дека почна и постапката за оформување нова индустриска зона „Мамутчево“, извршена е продажба на градежно земјиште и се интензивира процесот на легализација на дивоградбите.
Велес, како што рече, доби и Бизнис-центар, почна реализацијата на проектот „Енерџинет“ и пуштена е во функција и нова Метеоролошка станица и уште многу други проекти.
- Тоа не ќе беше возможно ако не бевме поддржани и поттикнати од Вас почитувани граѓани. Вие сте нашиот коректор во работата и извор на енергија и ни давате и нови идеи и предлози за реализација и подобро функционирање на општина Велес во сите сегменти, на што сум ви благодарам, потенцира Чадиев.
Ново на Сител
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја