Градоначалниците од Кисела Вода, Скопје и Велес им организираа екскурзија на децата со церебрална парализа
Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа.
Во соработка со Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, со поддршка од Железници на Република Македонија Транспорт А.Д. Скопје, дечињата заедно со своите родители, утрово добија бесплатно патување со воз до Велес, каде ќе се одвива денешната нивна екскурзија.
Среќен пат и убав помин им посакаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, присутна беше и сопругата на бугарскиот амбасадор Билјана Ангелова, а во Велес ги пречека градоначалникот Марко Колевски, во придружба на велешкото здружение на родители на деца со церебрална парализа.
Во текот на целиот ден тие ќе ги разгледуваат знаменитостите на овој град. Најпрво се упатија кон храмот посветен на Светите Кирил и Методиј, потоа ќе имаат прошетка низ младинскиот парк, по што им е организиран заеднички ручек. Патувањето завршува во попладневните часови, кога дечињата, повторно со воз, ќе се вратат во Скопје.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси