Бизнис
4. March 2016 - 21:11

Градежниот сектор - Водечка гранка на економијата и оваа година

Градежништвото и годинавва ќе биде водечка економска гранка во земјата со значително учество во брутодомашниот производ и двоцифрени стапки на раст. Намалени се даноците во оваа индустрија, во тек се рекордни вложувања во инфраструктурни и други капитални проекти, а се дава поттик и на обезбедувањето сопствен дом, велат од владата.

Во градежништвото има најдобра деловна клима досега, коментираат градежните компании додвајќи дека во моментов пракитчно нема невработен градежен работник во земјава.

Според статитистиката на градежната комора во Македонија работат над 4,300 градежни фирми, а секторот директно и индиректно ангажира околу 50 илјади луѓе.