Македонија
13. October 2020 - 12:14

Градежниците со серија барања до Владата

Покрај мерките од четвртиот пакет градежниците бараат дополнителна финасиска помош за секторот. Годината ќе ја завршат со сериозен пат ако не ја добијат неопходната помош, најавуваат сериозни проблеми догодина.

Освен финансиска помош бараат да има измени во условите на тендерите за да можат да учествуваат и да бидат главни а не подизведувачи.

Министерот за транспорт Бочварски рече дека има и позагрозени сектори од градежништвото но секако ќе бидат разгледани нивните барања.

 

Ирена Чачкова