Бизнис
24. November 2015 - 16:10

Градежна експанзија во Македонија, се градат 4 автопати

Активно се работи на капиталните проекти во патната инфрастуткура. Се градат три нови автопати и се рехабилитира делницата на еден од постоечките.

Како што информира владата, прогресот на делницата Демир Капија – Смоквица е 68,37% до целосна реализација. Пробиени се два тунели, се градат 6 мостови, се работи на отворените траси, потпаниците и мерките за животната средина. На определени делници почнато и асфалтирањето, а автопатот треба да биде целосно готов во 2016.

Пробиени се 92% од трасата на автопатот Миладиновци-Штип. Земјените работи се 50% завршени, а се бетонираат 4 мостови, 8 надпатници, 4 подпатница и 5 вијадукти. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 30%. Асфалтирани и 3 километри од автопатот кој треба да биде готов во 2017.

Трасата на автопатот Кичево – Охрид која е пробиена речиси 100%. Се работи на 11 мостови,  3 натпатници и потпатници. Се работи и на тунелот Пресека со вкупно пробиени приблжно 600 метри тунелски цевки. Поставен е и првиот километар автопат.

- Изградбата на овие автопатски делници претставува изградба на капитални проекти од национално значење од причина што само со овие автопатски делници за зголемува вкупната автопатска мрежа во државата за 50%. Значењето од овие капитални инвестиции е повеќекратно и покрај зголемување на автопатската мрежа е од особена важност и економскиот и регионалниот развој, за градежната оперативна во државата, за подобро работење на голем број на компании кои се ангажирани во процесот на градба како и за над 3000 работници кои се ангажирани при оваа градежна експанзија која се случува во државата во овој момент. Согласно владината програма и ветеното пред граѓаните, во  следниот период инвестициите во патната инфраструктура дополнително ќе се зголемат со што дополнително ќе се зголеми и бројот на ангажирани лица и бројот на ангажирани компании, изјави Александар Ѓоргиев, портпарол на владата.

Од владата информираат и дека се завршени 95% од работите на рехабилацијата на автопатот Велес - Скопје до Катланово и се очекува нивно комплетирање за два месеци.