-->
-->
Градежен работник спаси маж од водите на реката Вардар
-->
На 20.11.2020 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродорм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил.
Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од неговата снаа М.А.(45) од Скопје било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите