Македонија
29. January 2021 - 16:03

Градежен работник починал по здобиените повреди на работното место

На 28.01.2021 во 15.18 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.С.(60) од с.Псача, кривопаланечко, а во 15.40 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека извршувал градежни работи на ул.„Тетовска“ во Скопје.