Град во САД гори веќе 53 години

Земјата под заспаната Централија во Пенсилванија огнот ја јаде од 1962 година. Тогаш имено се запали миниран јагленокоп, а огнот во него гори и до ден денес.
Иако никој не е сигурен како во рудникот толку длабоко под земјата можел да избие пожар, експертите стравуваат дека тој сигурно ќе потрае уште 250 години, додека не го снема јагленот, пишува „Индендент“.
Досега веќе имаше неколку обиди за гаснење на подземниот пожар, но без успех. Јагленот гори константно и со подеднаков интензитет.
Инаку Централија е едно од најголемите наоѓалишта на јаглен во светот, но некогаш развиениот индустриски град полека умира поради сулфурната пареа и пропаѓањето на патиштата, што е последица на раскопаното подземје. Градот повеќе го нема на новите географски мапи.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
