Град во Кина нуди парична награда за информации за потеклото на локалната епидемија
– Кинески град на руската граница понуди награда од 100.000 јуани (околу 13.500 евра) за информации за потеклото на локалната епидемија на коронавирусот.
Кина, каде коронавирусот првпат се појави пред речиси две години, во голема мера ја контролира инфекцијата со радикални мерки, како што се затворање на границите и вакцинирање.
Земјата се соочува со спорадични жаришта на зараза, особено на север и тоа од крајот на октомври.
Кинеските власти одлучно реагираат со цел да се запре ширењето на епидемијата во пресрет на Олимписките игри закажани за февруари.
Во тој контекст, градот Хеихе, одделен од Русија со реката Амур, објави „војна“ против вирусот, бидејќи во последните денови откри неколку десетици случаи на Ковид-19.
Властите на градот со 1,5 милиони жители се загрижени поради опасноста од зараза од Русија, прекуграничните шверцери, ловокрадците и рибарите.
– Со цел што побрзо да се открие изворот на инфекцијата и синџирот на пренос, потребно е да се води народна војна за контрола и спречување на епидемијата, изјавија локалните власти и понудија парична награда.
Ново на Сител
-
Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа
-
Пожарите кај Вардариште, во Долнени, Кожуф, Јасен и Липково ставени под контрола, во моментов нема активни пожари
-
Со соочување на психијатриските вештачења за Раде Трајковски продолжува судењето за случајот „Штекли“
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун
-
Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница