Живот
6. February 2019 - 14:37

Град со големо срце: Вака американското гратче му се оддолжи на дете болно од неизлечлива болест

Надлежните во американскиот град Синои во понеделникот за градоначалник го прогласија 7-годишниот Ел Џеј Такер кој доби и свој ден, а за сето тоа се крие срцепарателна приказна.

Ел Џеј (7) има неизлечлив тумор на мозоик и состојбата неодамна му се влошила, тврди неговата мајка Кристал Такер.

За ден Ел Џеј Такер е прогласен за градоначалник на Сенои, а на седницата на градското собрание му е предаден клучот од градот.

Претходно во текот на денот, Ел Џеј имал можноста да види противпожарни возила, тркачки автомобил, полициско возило и воено возило, а и сам се возел во количка за голф.

Ел Џеј ќе добие и полициска придружба до градското собрание.
 

Сето тоа го организираше Џенифер Семп која Ел Џеј го запознала на хуманитарен настан на Божич, каде делел колачи.

Подоцна таа ноќ Семпл открила дека Ел Џеј има рак. ДИПГ е редок тумор на мозок кој е секогаш фатален. Просечното време на живот по дијагнозата е само 9 месеци.

Туморот на Ел Џеј му бил стабилен 20 месеци, но неговата последна снима со магнетна резонанца покажа раст, рече неговата мајка.