Град Скопје, ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки.
На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.
Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на постоечкиот проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините.
“Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија”- рече на состанокот Министерот Перински.

Претстои дефинирање на локации во општините за нивна изградба и планирање на инфраструктурата која треба таму да се изгради за да може тие целосно да се стават во функција на граѓаните, појасни Ѓорѓиевки, потенцирајќи дека локалните самоуправи ќе дадат целосна поддршка во реализацијата.
Во однос на решавање на актуелниот проблем со бездомните кучиња тој изрази подготвеност за поддршка и помош на АХВ преку вклучување и на општинските инспектори и општинските комунални редари во решавањето на актуелниот проблем со бездомните кучиња.
На состаноците акцент беше ставен и на предложените решенија за намалување на популацијата на бездомни животни преку воспоставување на систем на прифатилишта во секоја локална самоуправа, што наиде на поддршка и од Министерот Перински и од Градоначалникот на Град Скопје Ѓорѓиевски, со ветување дека и локалните самоуправи активно ќе се вклучат во имплементацијата на претстојните законски измени.

Според Директорот на АХВ Миланов, во предлог законските измени се веќе инкорпорирани забелешките и предлозите кои ги дадоа здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а в передвид ќе се земат и предлозите на општините.
- Како одговорна институција и за здравстената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе им помогне на општините во однос на решавање на техничките прашања при воспоставувањето на системот за контрола на популацијата бездомни кучиња, согласно можностите, надлежноста и овластувањата на АХВ – заклучи Директорот Миланов.
Ново на Сител
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
-

Кајли Миног за борбата со ракот: Траумата сè уште ме прогонува
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
-

ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер
