Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери
Неспособна да одговори на секојдневното одобрување и поздравување од страна на граѓаните на проектите на Град Скопје реализирани за само три години, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, се наведува во денешната реакција на Градот Скопје на прес-конференцијата на опозициската партија.
-ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз. ВМРО-ДПМНЕ е неспособно да одговори зошто во времето на нивните градоначалници не се изградени и реконструирани помалку булевари и улици отколку во последните три години, нагласува Град Скопје.
Во реакцијата се наведува дека неможејќи да ја прифатат реалноста дека во Скопје прв пат после неколку децении се градат четири булевари истовремено (АСНОМ, Христијан Тодоровски Карпош, Никола Карев и Босна и Херцеговина) ВМРО ДПМНЕ пласира лажни вести.
-Неможејќи да ги прифатат фактите на за прв пат целосно исчистениот кеј на Вардар, новиот стационар за бездомни животни Лајка, развиената мрежа на велосипедски патеки, ослободени јавни површини, рекордите во ново градско зеленило, ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги. Наведената фирма во денешната нивна прес-конференција е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација, се истакнува во соопштението.
Во прилог на соопштението е објавен линк , во кој, како што наведуваат од Град Скопје јасно се гледа дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација.
-Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислуваат лаги, конечно да почнат да работат на вистинските интереси на граѓаните на Скопје, се додава во реакцијата на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието се очекува да ги распише локалните избори
-
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина
-
Сончево и многу топло
-
МПЦ-ОА го празнува споменот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар