Град Скопје со мерки за контрола и намалување на трошоците за возниот парк

Град Скопје информира дека воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.
- Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ мониторинг-центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила, се наведува во соопштението.
Од Град Скопје порачуваат дека „секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување“ и оти „градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“.
Како што наведува, дмаќинското управување веќе дава конкретни резултати - ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година. Посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства.
-Воедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје. Целта е јасна - секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети. Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните, соопшти Град Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
