Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред
Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции во јавноста.
-Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата. Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред, известуваат од Град Скопје.
Оттаму потенцираат дека ја споделуваат загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваат дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти туку исклучиво од професионалци во областа.
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
