Град Скопје постави дигитални мерачи за брзина пред пет средни училишта

Поставени се дигитални мерачи на брзина пред средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“, „Здравко Цветковски, „Марија Кири Склодовска“ и „Боро Петрушевски“, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди, соопштија од Град Скопје.
- Немилиот настан што се случи пред два дена на булеварот „Србија“ потсетува дека нема гарантирана безбедност и покрај зајакнатата полициска контрола и поставената сообраќајна сигнализација. Непочитувањето на сообраќајната сигнализација и прекумерната брзина на возење го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи кои неретко завршуваат со фатални последици, истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој наведе дека зголемувањето на свесноста на возачите за безбедноста во сообраќајот влијае на намалувањето на бројот на предизвикани сообраќајни несреќи.
- Во таа насока Град Скопје ги постави дигиталните мерачи на брзина пред пет средни училишта. Скопје мора да биде град безбеден за растење и спокоен за пензионирање. Безбедноста на сите наши сограѓани е наша заедничка обврска, нагласи Шилегов.
Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почуваат сообраќајните правила и со своето одговорно однесување да придонесат за намалување на бројот на жртвите и повредените во сообраќајни несреќи.
- Ги повикувам сите општествено одговорни компании кои сакаат да донираат средства во делот на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, да го направат тоа со цел час поскоро заеднички да придонесеме на улиците на Скопје да има помалку собраќајни несреќи, изјави градоначалникот на Град Скопје.
Дигиталните мерачи, кои беа денеска поставени, се донација од компанијата „Сава осигурување“.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
