Град Скопје: На терен екипите на штабот за заштита и спасување
Екипите на штабот за заштита и спасување и денеска делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.
- Вода за пиење од цистерни и флаширана вода редовно се доставува со сите пунктови во населените места од територијата на Општина Гази Баба кои беа најмногу погодени од невремето, а со механизација (цистерни и пумпи) се црпеше вода од поплавените дворови и куќи. Дополнително, отворени се пунктови за помош на настраданите во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“. На терен се и екипи од Црвен крст, АРМ како и голем број на волонтери кои им помагаат на граѓаните и помагаат во дистрибуцијата на помошта, соопшти Град Скопје.
Градоначалникот Коце Трајановски во просториите на ОУ „Дане Крапчев“ одржа координативен состанок со претставници од армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и со претставници од месните заедници од овие скопски села.
Заедно со министри во Владата на Република Македонија, тој посети поголем број населени места каде се нанесени поголеми штети од невремето, како Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци во Општина Гази Баба, Горно Лисиче во Општина Аеродром и Волково во Општина Ѓорче Петров.
- Во повисоките населени места во Гази Баба, Виниче, Црешево и Страчинци, поројните дождови предизвикаа голема материјална штета, пред се на патната инфраструктура. На овие средби жителите ги посочија местата каде треба приоритетно да се интервенира, навдува Град Скопје.
Град Скопје потсетува на Одлуката донесена вчера за давање парична помош во износ од 180.000 денари за секој починат член од семејствата погодени од завчерашното невреме.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш
-
Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола
-
Полициска акција во Желино: Во ноќен клуб приведени странски државјани
-
Палестинец со нож убил две и повредил уште две други лица во градот Холон, во централен Израел
-
МНР ги повика македонските граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Пожарот во Калифорнија прерасна во четврти најголем во историјата на оваа сојузна држава
-
Трамп му честиташе на Путин за уште една „голема работа“ - ослободување убијци
-
Хезболах ноќеска истрелал 50-тина ракети врз северен Израел, повеќето биле соборени од „Железната купола“