Град Скопје ќе субвенционира купување нови велосипеди

Градот Скопје оваа година ќе издвои 10 милиони денари за субвенционирање на граѓаните на Скопје за купување нови велосипеди. Градоначалникот Коце Трајановски информираше дека на утрешната седница на Советот на Град Скопје на дневен ред ќе биде одлуката со која се предвидува субвенции до 4.000 денари за набавка на велосипед, со што со оваа мерка се очекува да се доделат субвенции за најмалку 2500 велосипеди.
Според Трајановски, тоа е една од директните мерки за унапредување на велосипедскиот сообраќај во градот и да се поттикнат граѓаните во што поголем број да користат велосипед како транспортно средство.
- Градот Скопје изминативе години работи интензивно на подобрување на условите за користење на велосипедот во Скопје, преку реализацијата на проектот за унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје „Скопје Велоград 2017“. Со реализацијата на овој капитален проект, ние создаваме услови за користење на велосипедот во Скопје и сметаме дека се создадени доволно услови за доделување субвенции за набавка на велосипеди, рече Трајановски.
Со проектот „Скопје Велоград 2017“ во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои ќе се протегаат во насока исток – запад и седум конектори кои ќе се протегаат во насока север – југ, со вкупна должина од 51 километар.
Досега, целосно е изградена Рутата 1, а велосипедистите можат непречено да се движат по новоизградените и реконструирани велосипедски патеки коишто ја поврзаа Гази Баба преку центарот на градот со Карпош. Во завршна фаза е изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки од Рутата 2 со што ќе се поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Патеките од преостанатите рути се во фаза на проектирање, по што ќе следува нивна изведба.
Досега целосно се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од околу 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на Вардар, со вкупна должина од над 10 километри.
Ново на Сител
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
