Град Скопје го проектираше буџетот за 2021, намалување на средствата поради пандемијата од Ковид-19
На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година, соопшти Град Скопје.
Посочуваат дека во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и голема економска криза, резултат на здравствената пандемија, Буџетот на Град Скопје за 2021 година е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетско планирање и извршување.
– Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи како и нивно рационално користење, наведуваат од Градот.
Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.
Во предлогот, како што информираат, се планира и дел од вишокот приходи остварен во минатите години, во износ од 477 милиони денари.
Споредено со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5 посто.
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон